Отворен концепт – Нова опсесија во уредувањето
Отворениот концепт на уредување го преферираат луѓето кои сакаат широк простор кој е одлично искористен до најмал детаљ.
Ова е највеќе практикувано кога станува збор за поврзаноста на кујната, трпезаријата и днецната соба.
Наместо да бидат затворени и посебни простории, тие се една споена целина, а најчесто трпезариската маса е таа што ги одвојува дневната и кујната.
Повеќето се одлучуваат за островче во кујната кое ќе служи како маса за јадење, но кое истовремено е и функционално за складирање на работи во внатрешноста.
Сепак, доколку се работи за поголем простор, може да имате и посебна маса.
Отворениот концепт на уредување е за оние кои сакаат модерен стил во кој сепак преовладува функционалност, како и удобност.
Доколку ви дошло време за пре/уредување инспирирајте се со следниве идеи:
М. М. | Црнобело