Две студентки ја трансформирале старата студентска соба во пријатно катче
Две студентки од Универзитетот во Тексас се вселиле во студентски дом во кој собата воопшто не им се допаѓала.
Домот стар 50 години со подови од линолеум и бетонски блокови не изгледал многу привлечно, па двете цимерки решиле да ја преуредат нивната неубава соба.
За комплетната трансформација им биле потребни 500 долари (околу 420 евра), а тоа вклучувало промена на подот, нови душеци, нови теписи, завеси, тапети на ѕидовите, мебел и декорации.
Двете студентки ја претвориле нивната соба во пријатно и стилски уредено катче со интересни полици, детали и светилки.
Бидејќи не им било дозволено да ги бојадисаат ѕидовите, студентките ставиле тапети, а за поженствен изглед, на бироата залепиле лепенки кои изгледаат како да се од мермер.
Погледнете како изгледала претходно оваа соба, а како изгледа сега:
М. В. | Црнобело