Трикови со кои домот ќе го направите поубаво место за живеење

Домот е местото каде сите едвај чекаме да се вратиме по напорниот работен ден. Местото каде се чувствуваме најудобно, како свои...

pametni-trikovi-za-vnatreshen-dizajn-koi-domot-kje-go-napravat-unikaten-01.jpg

Но, секогаш можете да го подобрите изгледот на домот, односно, да направите да биде поудобен, функционален и поорганизиран.

Еве неколку идеи како да го постигнете тоа:

1. Сами направете си невообичаени саксии за омилените цвеќиња

Играчки, стари чевли, чанти, гуми... Можностите се неограничени, а домот ќе го направите барем за еден степен поуникатен од останатите.

pametni-trikovi-za-vnatreshen-dizajn-koi-domot-kje-go-napravat-unikaten-1.jpg

2. Дајте им на старите кутии нов живот

Од старите кутии направете интересни и невообичаени предмети за дополнителен простор за чување на работите во домот.

pametni-trikovi-za-vnatreshen-dizajn-koi-domot-kje-go-napravat-unikaten-2.jpg

3. Спречете гребење на паркетот

Можете сами да сплетете или сошиете дел со кој ќе ги препокриете рабовите на мебелот - не само што се интересни, туку на тој начин и ќе го заштитите паркетот.

pametni-trikovi-za-vnatreshen-dizajn-koi-domot-kje-go-napravat-unikaten-3.jpg

4. Потсетник за родендени

Ако имате малку повеќе време, посветете се на тоа да си направите и интересен декоративен детаљ каде ќе ги чувате родендените на блиските.

5. Стара скала претворете ја во простор за чување на капутите

Дали имате стара скала која веќе одамна не ја употребувате? Зошто да не ја претворите во уникатно, но и функционално парче за чување на капутите?

pametni-trikovi-za-vnatreshen-dizajn-koi-domot-kje-go-napravat-unikaten-4.jpg

6. Вертикални цветни аранжмани

Додадете повеќе зеленило во просторот со вертикални цветни аранжмани.

pametni-trikovi-za-vnatreshen-dizajn-koi-domot-kje-go-napravat-unikaten-5.jpg

7. Инвестирајте во странични фиоки во кујната

Максимално искористете го секој дел од кујната, посебно ако имате мал простор, преку вградување на странични фиоки.

pametni-trikovi-za-vnatreshen-dizajn-koi-domot-kje-go-napravat-unikaten-6.jpg

8. Употребете стар кафез како полица

Сигурни сме дека уникатната декорација како стар кафез за птици нема да остане незабележана.

pametni-trikovi-za-vnatreshen-dizajn-koi-domot-kje-go-napravat-unikaten-7.jpg

9. Стапица за глувци како закачалка за палта

Обојте неколку стапици за глувци во бојата која ја сакате и употребете ги за да ги декорирате ѕидовите пред влезната врата, но и да имате простор каде да ги закачите палтата.

pametni-trikovi-za-vnatreshen-dizajn-koi-domot-kje-go-napravat-unikaten-8.jpg

10. Едноставна закачалка од дрва

Употребете природни материјали секогаш кога сте во можност.

pametni-trikovi-za-vnatreshen-dizajn-koi-domot-kje-go-napravat-unikaten-9.jpg

Уште 10 идеи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 парчиња од IKEA што совршено ќе се вклопат во секој ентериер Практичните, едноставни и безвременски парчиња од IKEA се омилени за многумина.&...
Ситници со кои домот ќе изгледа полуксузно (без да потрошите богатство) Скријте ја корпата за отпадоци и ако не сте во можност за купување нови шкафчиња...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
10 ситници со кои ќе направите домот да изгледа луксузно, без да потрошите многу пари Извадете ги магнетите од фрижидерот, шарените ретро пешкири заменете ги со едноб...
Спој на луксуз и свежина – Идеи како да ја уредите бањата со зелени плочки (фото) Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со ...
Трендови за уредување на ентериерот во 2024 кои станаа омилени меѓу дизајнерите Ѕидови со текстура, метални украси, сончеви тонови... Иако годината е сè уште на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg