Како да ги украсите малите станови во кои нема простор за новогодишна елка?
Тоа што можеби имате мал стан и не сакате или не можете да имате масивни празнични декорации, не значи дека сепак не можете некако да го декорирате домот и да ја почувствувате магијата на новогодишните празници.
Постојат неколку едноставни декорации кои можете да ги направите сами:
1. Елка од салвети
Ако не сакате масивна елка или впечатливи декорации, можете да направите нешто уникатно, елка од салвети.
2. „Замрзнати“ прозорци
Со помош на обична бела паста за заби, сунѓер и форми на снегулки исечени од хартија, можете да ги декорирате прозорите.
3. Висечки венци
Доволно ви е едно парче елка или било кое друго зимзелено дрво кое во кружна форма ќе го прицврстите со конец и ќе го закачите над прозорите со црвена лента.
4. Миризлива свеќа
Новогодишните празници речиси секогаш не потсетуваат на мирисот на греено вино и цимет, а мирисот на цимет можете да го имате секогаш во домот. Потребна ви е една свеќа на која ќе наредите парчиња цимет прицврстени со декоративен конец.
5. Светлина во спалната соба
Белите светилки секогаш потсетуваат на Божиќ, но и носат мирна релаксирана атмосфера во домот, па со нив можете да ја декорирате спалната соба.
6. Декоративни елементи на прозорите
Лампионите не мора да висат исклучиво на елката, можете да ги употребите и како орнаменти на прозорите.
Уште 6 идеи на следната страна...