Совети од дизајнерите на ентериер: Закачете ги сликите како професионалец

Ако имате поголема или помала количина на слики и фотографии кои сакате да бидат истакнати на ѕидовите од вашиот дом потребно е да се придржите до неколку правила за никогаш да погрешите при закачувањето на истите.

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-01.jpg

Ова се неколку правила за закачување на сликите и фотографиите во домот:


1. Експериментирање

Соберете ги сите слики или фотографии кои сакате да ги закачите на едно место, одберете го ѕидот на кој сакате да се најдат и распоредете ги и пред да ги закачите.

Слободно експериментирајте неколку пати за позицијата на секоја слика индивидуално пред да дојдете до најпосакуваниот распоред.
Можете да ги распоредите по големина или да направите да изгледаат хаотично, се зависи од вашата преференција.

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-1.jpg

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-2.jpg

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-3.jpg

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-5.jpg

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-6.jpg


2. Поставување на ѕидот

Потребно е да внимавате и на тоа дали токму на тој ѕид се наоѓа и дел од мебелот за да одредите појдовна точка на поставување на сликите.
Ако ѕидот ви е чист најниската слика не би требало да биде пониска од 150cm од подот, а секоја следна би требало да биде одвоена најмалку 5cm од другите фотографии.

Ако имате мебел на ѕидот, сликите поставете ги на оддалеченост од него во растојание од 15 – 20cm.

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-7.jpg


3. Сигурно си е сигурно

Секогаш употребувајте барем три куки при закачување на сликата за да биде стабилна, со исклучок на тоа ако закачувате некоја екстремно поголема слика на која ќе и биде потребна поголема стабилност.

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-8.jpeg


4. Добрата подготовка е половина работа

Ако должината на сликата е 90cm, двете куки треба да бидат на оддалеченост од 30cm. Секогаш употребувајте линијар за одредување на местото каде ќе ги ставите куките.

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-9.jpg

Би можело да ве интересира:

7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg