Ентериер кој од филмското платно може да го пресликате во вашиот дом
Се вели дека должноста на филмот е да те натера целосно да се соживееш со она што се случува на платното. Еден начин на кој може да се постигне тоа е соодветноста на ентериерот.
Еве неколку идеи кои како што го разубавиле филмското платно, ќе го разубават и вашиот дом. Слободно започнете да уживате во домот од вашите соништа.
1. Во филмот „Atonement“ освен што ќе го забележите прекрасниот изглед на Кира Најтли, вашето внимание ќе го одземе и внатрешниот изглед на палатата од викторијанско време во која е сниман филмот.
И во вашиот дом можете да го вметнете нежниот цветен изглед. Додадете парче мебел или едноставно декорирајте го просторот со изобилие на свежо цвеќе.
2. Во филмот „Indiscreet“ актерката Ингрид Бергман глуми улога на славна глумица во подеднакво познат апартман со импресивна колекција на модерна уметност со силно изразени рамки во шарени бои.
Вашиот дом можете да го обоите со примарните бои. Додајте едно парче мебел кое ќе се издвојува.Додајте црвена фотелја или жолти перничиња.
3. Може да се инспирирате и од мебелот во куќата на Коко Шанел. Во филмот „Coco Chanel & Igor Stravinsky“ ентериерот е декориран исклучиво во црно-бели нијанси.
Во вашиот дом можете да додадете црно-бели слики врамени во бели рамки. На тој начин ќе го постигнете посакуваниот ефект на ахроматски декор.
4. Со филмот „The Great Gatsby“ се врати и стилот на дваесетите години од минатиот век.
Доколку сакате да го постигнете овој ефект и во вашиот дом, потребно е да поставите мебел со смели геометриски форми и раскошни украси.