Совршен мал стан кој може да ви биде и дом и канцеларија (фото)
Можеби ви звучи неверојатно, но стан од само 40 квадрати може да ви биде и топол дом и работна канцеларија, доколку можете да работите од дома.
Клучното за ваков стан е да биде повеќе долгнавест, отколку широк со тоа што еден краен дел ќе го издигнете ниво погоре, барем колку за едно скалило.
Така, во еден ист простор ќе добиете две соби кои нема да бидат преградени со огромни ѕидови и врати, туку ќе се разликуваат според нивото на подот.
Горниот дел може да биде ваша работна просторија која можете максимално да ја искористите во аглите за поставување биро и ѕидовите за полни полици.
За тоа ви е доволна и само едната половина од горниот дел, а во втората, до прозорецот може да ја поставите софата која ќе ви послужи за дневен одмор.
Во долниот дел, пак, може да ја поставите спалната, па со една преграда да го искористите просторот за мала, но функционална кујна.