Колку често треба да ја менуваме постелнината, пешкирите и крпите?
Познато е дека нехигиенските улови можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, а неодамнешни истражувања покажуваат дека петина од луѓето еднаш месечно ја менуваат постелнината, а истите сунѓери и крпи ги користат со месеци.
Има и такви кои одат од една во друга крајност, па ја менуваат постелнината секој втор ден, но повеќето би се согласиле дека тоа е претерување.
За здравје и хигиена постојат интервали по кои треба сите да се водиме при менување на постелнината, пешкирите, крпите и сите други работи кои се дел од нашето секојдневие.
За да не бидете во заблуда, погледнете колку често треба да се обновуваат средствата за лична хигиена:
1. Постелнина - секоја втора недела
Една третина од животот го поминуваме во спиење, па затоа е важно постелнината да биде чиста. Валканата постелнина може да предизвика алергиски реакции, астма и други кожни болести. Како и во другите делови од домот, така и на постелнината секојдневно се собира прашина која содржи бројни штетни материи. Кога сте настинати и болни задолжително е да ја менувате целата постелнина што почесто, а перниците и душеците мора редовно да се проветруваат.
2. Ракавици за бањање - на секои 3 до 4 дена
Кај ракавицата за бањање клучно е за што точно ја користите. Ракавиците за миење на горниот дел од телото после бањањето треба добро да ги измиете и исушите. Доколку ја користите за нега на интимната зона, тогаш менувајте ги после секоја употреба и перете ги на температура од 60 степени.
3. Јоргани и ќебиња - секои 6 месеци
Сите врсти на прекривки содржат голема количина на бактерии кои се закана по здравјето. Прекривките кои не можете да ги исперете во машината за облека најдобро би било да ги однесете на хемиско чистење и тоа 2 пати годишно.
4. Кујнски крпи - еднаш дневно или секој втор ден
Крпите за бришење на садовите можете да ги користите два дена, ако веднаш по употребата ги ставите на сушење или веднаш исперете ги, бидејќи тие се најголем извор на зараза. Полни се со бактерии, па затоа подобра варијанта е да користите кујнски бришачи наместо крпи. Памучните крпи за садови перете ги во машина на температура од 60 до 90 степени.
5. Пешкири - 2 пати неделно
Колку долго можете да користите пешкир за бањање, зависи од тоа колку брзо пешкирот се суши. Ако го користите пешкирот додека сѐ уште е влажен, во него се размножуваат микроби, кои можат да предизвикаат инфекции на кожата. Перете ги на температура од најмалку 60 степени, а секој член во семејството треба да поседува и користи сопствен пешкир.
6. Крпи за чистење - после секоја употреба
Сите врсти на ткаенина со кои чистите треба да ги ставите во машината за облека после секоја употреба. Перете ги на 60 степени со вашиот секојдневен прашок.
7. Сунѓерасти крпи - по 14 дена
Местото на кое се собираат најмногу бактерии е секако кујната. Сунѓерастите крпи можат да бидат главен извор на ешерихија коли, која е често присутна на свежо место. Токму и затоа крпите и сунѓерчињата треба да ги измиете после секоја употреба со средството за миење садови. После 2 недели нивното место е во кантата за отпадоци.
8. Душеци - еднаш месечно
Иако не сме свесни за тоа, сепак нашето тело се поти и преку ноќ. Душекот ја впива влагата и тој станува идеално место за размножување на бактерии. Затоа е важно душекот да го исчистите убаво со правосмукалка еднаш месечно, а по секои 6 месеци да го превртувате. Душекот се обновува на секои 10 години.