Како да ја украсите терасата за новогодишните празници?
Ако во текот на зимскиот период избегнувате да го користите балконот, тогаш од оваа година тој нека биде централната точка на вашиот дом.
Држете се до класичните бои како што се црвената и зелената или креирајте свој единствен декор кој ќе мами погледи на сите кои поминуваат од вашата зграда.
Прочитајте ги овие совети за украсување на терасата:
Користете зелено
Уредувањето на балконот започнете го со користење на зеленило. Можете да користите вештачки гранки на кои ќе додадете светилки и украси.
Осветлување
Со додавање на светла на балконот ќе создадете привлечен и топол изглед. Изберете класични светилки за суптилен изглед или користете боја која одговара на вашите божиќни украси.
Декоративен акцент
Аглите на балконот исполнете ги со големи шишарки, поставете Дедо Mраз, Снешко или ирваси. Можете сами да направите кутии за подароци, кои ќе ги поставите на терасата.
Кога температурите ќе паднат под нулата, замрзнете бокали со вода и додајте зимзелени граничиња за да создадете ледени декори за вашиот балкон.
Постојат многу начини и идеи за декорирање на балконот, па во продолжение инспирирајте се за декорации во последен момент:
М. П. | Црнобело