Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Направете сами: Табуретка за седење од автомобилска гума

Зошто да купувате табуретка за седење која ќе биде удобна и одлично ќе се вклопи во ентериерот на вашата соба, кога истата може да ја направите сами и тоа од автомобилска гума.

napravete-sami-raburetka-za-sedenje-od-avtomobilska-guma-1

Се прашувате како е можно?

Следете ги инструкциите и уверете се !

Земете гума од автомобил која не ја употребувате и купете 10 метри коноп во боја според ваш избор.

Потоа, од парче дрво исечете два кругови големи колку внатрешноста на гумата за да ја исполнете празнината во средина.

Парчињата дрва имплементирајте ги и заковајте ги на гумата со бормашина доколку имате, доколку немате истото направете го со чекан и шајки.

Откако ќе го сторите тоа премачкајте ја гумата со лепак за паркет или пак обично лепило кое ќе го држи конопот за површината на гумата.

Потоа започнете да го мотате конопот околу гумата, а кога ќе стигнете до крајот односно до закованото дрво, сечете го конопот и започнете да го лепите и на површината на дрвото одозгора започнувајќи од центарот како на сликата погоре.

Откако ќе завршите со целата постапка премачкајте го целото тркало уште еднаш со лепак за да бидете сигурни дека нема да се одлепи.

Вашата табуретка за седење е готова.

Вреди да се испоба, нели?

napravete-sami-taburetka-za-sedenje-od-avtomobilska-guma.jpg

Би можело да ве интересира:

Еден детаљ кој ќе ја претвори вашата кујна во луксузно катче Златната боја симболизира богатство и топлина, а во кујната само еден или неколк...
Трикови со кои кујната ќе изгледа полуксузно, без многу труд и пари Доколку немате време и пари за реновирање на кујната, овие трикови ќе ви помогна...
20 идеи како да ја уредите собата на вашата ќерка тинејџерка (фото) Прво и најважно правило кога ја преуредувате собата на вашата ќерка тинејџерка е...
8 совети како максимално да го искористите просторот во мал дом Секое место за седење нека има и простор за складирање и не заборавајте да го ис...
Идеи како да ја заштитите терасата од сонце, а притоа да биде модерна и удобна Ако сте во потрага по идеи за тоа како да создадете сенка на вашата те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg