Направи сам: Карипски декорации во домот

Без разлика дали се подготвувате за годишниот одмор или веќе сте се вратиле од море со цела кеса собрани школки и сакате да го пренесете мирисот на морето и убавата атмосфера, домот секогаш може да го уредите по желба.

napravi-sam-karipski-dekoracii-vo-domot-001

Па, дури и да не одите никаде на одмор, направете си карипски декорации кои ќе ви дадат чувство како да се наоѓате на плажа покрај море.

Најлесно тоа ќе го доловите преку сината и белата боја, конопот и школките. Ако н знаете како да ги искористите ви нудиме неколку идеи за декорирање на некои детали кои ќе го освежат вашиот дом.

1. Почнете од влезната врата

Доколку имате можност обојте ја со азурно сина боја, чергичката задолжително треба да биде од коноп, а од околу може да нанижете украси со школки.


2. Декорирајте ги старите саксии

Може да бидат и обични лименки или конзерви во  кои имате насадено цвеќе. Доволно е да ги премачкате однадвор со лепило и околу да навртите коноп. Толку е едноставно, а изгледа одлично.


3. Направете си мини масичка

Стара гума од автомобил, една рамна кружна даска, неколку штрафчиња, коноп и лепило е сè што ви е потребно. Даската заштрафете ја врз гумата, премачкајте ја цела со лепило и внимателно навртете го околу конопот. Совршено ќе го пополни празниот ќош во собата за попладневен одмор и кафе.

napravi-sam-karipski-dekoracii-vo-domot-3.jpg


4. Карипска тераса

Ако сакате буквално да ја пренесете терасата на Карибите, не ви треба многу, а ќе уживате цело лето. Искористете ја масичката од коноп, старите дрвени столчиња обојте ги со ментолно сина и зелена боја, направете свеќници со школки  и препуштете се на бесконечното уживање.


5. Завесите се вашите едра на бродот

Наместо класичните машни, метални или од материјал, завесите врзете ги со коноп и ќе им дадете изглед на врзани едра од некој брод. Слободно запловете со мислите додека ѕиркате низ прозорецот.


6. Морски свеќи

Ништо не дава поубаво чувство во летните ноќи, од морските свеќи. Одберете бели или сини по можност со мирис на морето, ставете ги во стари стаклени чаши околу кои ќе намотате малку коноп, а може да залепите и некоја украсна школка.


7. Држач за крпи

Не ја заборавајте бањата каде може навистина да добиете чувство дека сте на море, само ако додадете во кадата малку мирислива морска сол, а околу декорирате во карипски стил. За тоа може да си направите држач од коноп за крпи. Доволно е само да го сплетете и тој цврсто ќе стои.

napravi-sam-karipski-dekoracii-vo-domot-7.jpg


8. Огледало од морето

За секојпат кога ќе се погледнете во него да се чувствувате како да сте таму некаде. На обичното стакло налепете неколку реда коноп, а на него ситни школки и уживајте во разубавувањето при секое поминување.

napravi-sam-karipski-dekoracii-vo-domot-8.jpg


9. Полици во кујната

Ако немате доволно место или ако сакате само да ви изгледа поинтересно кујната има лесен и декоративен начин и за тоа. Потребни ви се само две до три стари даски и коноп со кој ќе ги поврзете и ќе ги закачите каде што сакате.

napravi-sam-karipski-dekoracii-vo-domot-9.jpg


10. Подгответе морска трпеза

Не само што може да подготвите морски плодови за вечера, туку може и целата декорација на трпезата да биде во тој стил. Наместо обичен памучен чаршаф постелете прекривка од коноп, сино-бели чинии и крпи, исто така подврзани со коноп, расфрлете неколку школки за декорација и може да ја послужите вечерата во која ќе уживате како да сте на плажа.

napravi-sam-karipski-dekoracii-vo-domot-10.jpg

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg