Нека биде раскошно: Како да ја поставите свечената трпеза?

Ако оваа година решивте кај вас да ги соберете најблиските и да ги изненадите со неколку вкусни специјалитети, тогаш вреди да се потрудите се да биде совршено.

neka-bide-raskosno-kako-da-ja-postavite-svecenata-trpeza-01

Празничниот амбиент нема да биде потполно совршен доколку вашата празнична трпеза не содржи неколку свеќи, сијалички, новогодишни салфетки или лампиони плус. Немате идеи како сето тоа да го вклопите?

Ако сте двајца, покрај приборот ставете и свеќи кои се вклопуваат во амбиентот. Нека бидат со различни облици, а во чиниите ставете интересни, светкави украси. Исто така, подароците може да бидат на трпезата.

Ако решивте да имате класична, семејна вечера, погрижете се сè да светка. Попрскајте ги сите декорации со златен сјај, приборот врзете го со златна машна, а можете и да додадете неколку златни лампиони во чашките за вино кои ќе ви послужат како декорација.

Доколку оваа година го собирате вашето друштво на лежерна вечера која повеќе наликува на забава, тогаш имате простор за голема креативност. Свеќите имаат приоритет, како и светкавите сијалички.

Празничните декорации користете ги на нестандарден начин, па така можете свеќите да ги поставите во шолја за капучино, во чиниите “сервирајте” неколку снегулки и ѕвездички, а приборот заврзете го со машни.

Еве во што можете да ја претворите вашата празнична трпеза:

Би можело да ве интересира:

15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....
На гости кај инфлуенсерката Софија Јанева: Есенски декориран стан во Скопје (фото) „Во мојот дом мирисот на есента се оживува со рецепти како пита од тиква, печење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg