Претворете го изнајмениот стан во топол дом
Не поседуваат сите своја куќа или стан за да можат да го изразат целосно својот личен стил на уредување. Ако живеете во изнајмен стан, тогаш најверојатно постои можност сопственикот да не биде задоволен ако некои работи ги направите по свое.
Меѓутоа, постојат ситници кои може да ги направите без проблеми, а сепак да биде според вашиот вкус.
Оптички зголемете го просторот со помош на огледала. Освен тоа што не се скапи , огледалата даваат ефект на простран дом.
Ако посветите поголемо внимание при одбирањето огледала, нивниот облик или рамките ќе успеете да му дадете единствен и уникатен изглед на вашиот простор и да оставите личен печат.
При тоа, важно е дека огледалата лесно се преместуваат каде што ви се потребни и не прават никаква штета на веќе постоечкиот простор и дизајн.
Малиот простор треба да го пополните со поголеми работи. Наместо да ставате повеќе мали слики и ситници на главниот ѕид, подобро е да ставите една голема слика. Таа секогаш дава впечаток дека просторот е поголем од она што изгледа.
Ѕидовите бојадисајте ги со светла боја, бидејќи на тој начин ќе создадете простран и опуштен амбиент.
Ако не можете да си го дозволите тоа, тогаш некои интересни светла и ламби може да ви бидат добра замена и интересна декорација.
Декоративни лепенки за на ѕид се секогаш оној мал евтин трик кој може да даде сосем нов лик.
Лесно се лепат, уште полесно се одлепуваат, а ги имате во најразлични форми и дезени.
Мали детали, необични фигури, интересни собни цвеќиња, свеќи и некои ваши лични елементи можат и изнајмениот стан да го претворат во ваш топол дом.