Гоблени, ретро лустери: Стан на жена од Нови Сад e поим за винтиџ магија (фото)
Од старовремско ренде до огледало во рамка од гоблен, домот на Тања Секулиќ (34) од Нови Сад е совршено катче за сите вљубеници во уредувањето со винтиџ детали.
Тања Секулиќ (34) од Нови Сад вели дека е вљубеник во уредување на ентериер, детали и убава фотографија.
Таа е голем перфекционист, а нејзиниот Инстаграм профил, каде постојано споделува детали од својот дом, е доказ колку време, труд и љубов вложува во неговиот изглед.
Вели дека сама варосува, креира интересни ѕидови и најомилени во домот ѝ се винтиџ деталите, наследени од нејзините баби и дедовци.
Сите кои обожаваат ретро моменти во уредувањето ќе ги забележат гоблените, огледалата и лустерите во нејзиниот дом.