10 работи на кои не треба да штедите кога го реновирате домот
Осветлување
Наместо само една силна светилка, ставете повеќе светла на ѕидот или купете подни ламби.
Светлото има огромно влијание врз изгледот на целта просторија.
Корнизи
Ако имате завеси, вреди и да вложите во квалитетни корнизи кои ќе ви траат.
Можеби најпрактични се корнизите како шипка бидејќи најлесно ќе ги извадите завесите за перење.
А, притоа добро се вкопуваат во секаков ентериер.
Посебни штекери во бањата
Во бањата ставете штекери со капак за да го избегнете оштетувањето од влагата.
И во кујната ако имате штекер во близина на мијалникот или шпоретот, препорачливо е да го заштитите.
Лајсни
Немојте да ставате пластични лајсни кои брзо можат да се оштетат.
Убаво изработените лајсни прават огромна разлика, а и не мора да бидат од скапо дрво бидејќи денес постојат безброј алтернативи.
Цевки во тоалетот
Пробајте да ги скриете изложените цевки во тоалетот.
Секако, не треба да ги заѕидаат бидејќи треба да бидат достапни, но можете да ги скриете со гипс или нешто слично.
И бањата ќе изгледа многу подобро.
Или, ако ви се допаѓа по малку индустриски изглед, тогаш добро исчистете ги и офарбајте ги.
Спирова С. | Црнобело