10 работи на кои не треба да штедите кога го реновирате домот
Осветлување, нерамен таван – ако темелно го реновирате домот, за некои работи вреди да платите и повеќе бидејќи долгорочно влогот ќе ви се исплати.
Реновирањето не значи само да го замените мебелот и да ги офарбате ѕидовите.
Штом веќе реновирате, треба да обрнете внимание и на некои ситници.
Дел до нив во продолжение:
Мијалник
Ако сте личност сака да минува време во кујна, тогаш вреди да вложите во поголем мијалник.
А, дури и ако не сте многу по готвењето, големиот мијалник секако има повеќе простор што значи ќе ви го олесни миењето на садовите, но и храната.
Прагот на прозорецот
Ако имате простор под прозорците, како праг, вреди да платите и повеќе за да го средите.
Доколку го оставите ѕидот „гол“, брзо ќе се оштети и во иднина ќе треба да го поправате.
Ако, пак, ставите евтин пластичен праг, со текот на времето може да пожолти, а и нема да изгледа најубаво.
Скриени кабли
Штом реновирате, добро би било и стилски да ги скриете каблите.
Таван
Ако правите темелно реновирање, тогаш обрнете внимание и на таванот.
Ако, на пример, има нерамнини, можете да експериментирате со спуштен плафон кој ќе ги скрие, но и ќе му даде посебен шарм на просторот.