Никола од Скопје приреди Halloween забава дома - со пајажина, лилјаци, висечки свеќи (фото)
„Традиционално веќе четврта година со моите пријатели го обележавме Halloween со тематска вечера. Главната инспирација беше моето патување во Романија и реонот Трансилванија“, вели Никола Блажевски од Скопје за CRNOBELO.com.
На Никола Блажевски од Скопје хоби му е изработка на DIY проекти, и токму од негови раце се каминот, тиквичките за Halloween, венчето над каминот, клупата и масата на балконот во неговиот дом во Кисела Вода.
Вели дека обожава просторно уредување, организирање на настани, аранжирање на цвеќе и фотографирање.
Никола има чувство за естетика, око за детали и пасија за фотографија.
Годинава организираше совршена Halloween забава за која споделува за CRNOBELO.com:
„Традиционално веќе четврта година со моите пријатели го обележавме Halloween со тематска вечера.
Подготовките започнаа скоро еден месец претходно со собирање идеи, декорации, но главната инспирација беше моето последно патување во Романија каде го посетив реонот Трансилванија, препознатлив по замоците Бран, Пелеш, Корвин.
Темата е ‘Dinner in Hogwarts’ Great Hall’, познатата трпеза од Хари Потер филмот со волшебниот таван на кој лебдат свеќи, кои оваа година беа акцент на мојата вечера.
Дополнително, тиквичките во секоја чинија, свеќникот и свеќите по целата трпеза дадоа целина на волшебниот изглед.