Грешки при уредувањето заради кои постојано мора да чистите во домот (и залудно трошите време и пари)
Големи огледала во собите
Големите огледала можат да направат малата соба да изгледа поголема, но за нив ви треба многу повеќе време за чистење.
Подобро е да купите гардеробер со 1 до 2 поголеми огледала.
Светла боја на ѕидовите во ходникот
Точно е дека светлата боја на ѕидовите може да направи ходникот да изгледа поголем, но вистината е дека заради тоа што тука често ги оставате чевлите и поради нечистотијата што ја внесувате од надвор, често се случува ѕидовите многу побрзо да пожолтат или да станат нечисти.
Маси на расклопување
Многумина купуваат маси што може да се продолжат за оние пригоди кога во домот имаат гости. Но, вистината е дека гостите не доаѓаат толку често, а делот за продолжување станува нечист и полн со прашина.
Подобро е да купите помала, округла маса на која може да седнат поголем број гости.
Големо огледало во бањата
Ако огледалото почнува веднаш над мијалникот тоа значи дека постојано ќе треба да наоѓате време за да ги бришете дамките од бигор.
Во спротивно, бањата нема да изгледа уредно, а вие на секое одење во тоалет ќе треба да ги пребришувате огледалата.
Темни лустери
Имајте предвид дека со темни лустери вашиот дом секогаш ќе изгледа полузатемнет, а за да го решите проблемот ќе мора да ги набавите најголемите и најсилни светилки, за кои ќе трошите повеќе пари за струја.
Големи теписи во домот
Големите теписи во домот бараат постојано да ги чистите и одржувате, а некогаш и за најмалата дамка потребно е да викнете професионален тим за чистење.
За да му дадете топлина на домот, може да изберете помал килим што ќе биде полесен за одржување и чистење.
Б. С. Б. | Црнобело