Грешки при уредувањето заради кои постојано мора да чистите во домот (и залудно трошите време и пари)
Наместо голем тепих во домот, подобро е да изберете еден помал килим, а преполнетата закачалка во ходникот нема да ви помогне да ги најдете побрзо јакните – напротив, ќе изгубите време во откачување и закачување. Кои грешки во уредувањето ви трошат време, пари и нерви?
Дали некогаш сте помислиле дека големиот број огледала може да бидат тешки за одржување, или дека темните лустери може да го зголемат износот на сметката за електрична енергија и да направат вашиот дом да изгледа потемно?
Кои работи треба да ги земете предвид кога го уредувате домот, за животниот простор да ви изгледа уредно и организирано, а не натрупано и да не мора да поминувате цели денови во чистење?
Кревет на пуштање
Зошто би купиле кауч на пуштање, а не голем кревет, ако веќе имате простор за тоа?
Вистината е дека на тој начин си задавате обврска секој ден да го пуштате и да го собирате креветот, а сите знаат дека спиењето нa ваквите кревети воопшто не е добро.
Ниту во најудобните каучи на пуштање нема да се чувствувате добро, а вистината е дека овој мебел има многу пократок рок на траење од обичните кревети со добар душек.
Собирате пластични кеси
Дали и вие сте од оние што ги чуваат пластичните ќеси за да не им притребаат еден ден?
Ако веќе го правите тоа, тогаш добро би било нив да ги ставате во една помала кутија и да го ограничите бројот на ќеси во неа.
Сите останати ќеси треба да се рециклираат, или да се фрлат.
Голем број кутии
Ако имате навика да чувате работи во кутии, тогаш најдобро е да го ограничите бројот на кутиите во вашиот дом.
Во нив треба да бидат работите што не ги користите премногу често и најдобро е на самата кутија да напишете што има внатре.
Во спротивно ќе завршите со купишта кутии, а никогаш нема да знаете што има во ниту една од нив.
Преполнета закачалка во ходникот
Запомнете, ходникот е просторијата што го остава првиот впечаток во вашиот дом.
Ако закачалката ви е преполна, уште на прв поглед куќата изгледа неуредно, а наместо јакната да ја најдете веднаш, секогаш за тоа ви треба повеќе време од вообичаено.
За да не бидете постојано натрупани со облека во ходникот, добро би било да набавите помала закачалка во ходникот.
Нормално, доколку во домот живеете со повеќе луѓе, ќе ви треба и поголема закачалка. Но, генерално, потрудете се да не ја трупате и на неа да ви стојат само јакните и чантите што ги носите најчесто.
Немате место за чевлите
Дури и внимателно да ги подредувате чевлите, целиот ходник ќе ви изгледа неуредно, ако немате посебно шкафче наменето за чевли.
Исто така, треба да се напомни дека нечистотијата од чевлите ќе се прошири и во другите соби, па затоа ќе треба да поминете повеќе време во чистење.