Кога станува збор за архитектурата и внатрешниот ентериер во светски рамки, Лондон е секогаш во првите 10 на листите. Главниот град на Англија се гордее со бескрајна низа на ресторани, кои претставуваат не само гозба за стомакот, туку и за очите. Огромни простори со удобен, луксузен ентериер исполнет со внимателно одбрани детали, како уметнички слики или дизајнерски мебел...