Љубов во 35 метри квадратни: Стилска гарсониера за млада двојка (фото)
- Детали
- недела, 27 мај 2018
Со неутралната палета на бои, како и примената на стакло во дизајнот, просторот делува компактно и максимално пријатно за престој. Наспроти малата површина, изненадува со големите идеи што ги содржи во ентериерот.
Иако има само 35 метри квадратни, овој мини стан е опремен со сите елементи што ги содржат и далеку попространите домови. Сепак, воопшто не делува натрупано. Напротив.
Амбиентот е убав и функционален, со доволно место за седење и дружење. Преуреден е согласно желбите на младиот пар што живее во него.
Станарите водат активен социјален живот, па често ги посетуваат пријателите. Главна карактеристика на гарсониерата е неутралната палета на бои, како и стаклените прегради, кои суптилно ги издвојуваат дневната и ноќната зона.
Стаклото е одличен материјал, бидејќи дозволува природната светлина непречено да циркулира, па и самиот ентериер изгледа воздушесто.
Што се однесува до складиштата, овде во целост е искористен често занемарениот вертикален простор. Високо сместените полици и фиоки им овозможуваат на сопствениците доволно површини за складирање на неопходните предмети.
Сѐ е скоцкано и паметно осмислено – баш по мерка за живот на љубовна двојка.
Од фотките во продолжение, ѕирнете како изгледа оваа мала стилска гарсониера, испирирајќи се од прекрасните идеи што ги нуди:
M. A. | Црнобело