На гости кај Тамара: Семејна куќа од 400m2 со бохо лулашка и совршен поглед кон Скопје (фото)
- Детали
- сабота, 04 февруари 2023
„Во домот имам по некое бохо парче, а најомилена ми е белата бохо лулашка во салонот. Двете кујни ни се многу слични, изработени од бел медијапан по нарачка, мермерни плочки и црна вградена техника, но во едната има црн мијалник, кој според мене е ‘must have’“, вели Тамара Ќимовска (27) за CRNOBELO.com.
Тамара Ќимовска (27) живее во семејна куќа од 400m2 во Скопје со сопругот Андреа и ќерката Јоана.
Нивниот дом се наоѓа во Кисела Вода (Теферич) со прекрасен поглед кон Скопје.
Тамара работи како сметководител во фамилијарна фирма, но вели дека од oтсекогаш била љубител на уредување на ентериер, мода, уметност итн.
За уредувањето на нејзиниот дом таа споделува за CRNOBELO.com:
„Куќата почнавме да ја правиме и уредуваме кога останав трудна.
Идеи и инспирација за внатрешното уредување црпев од Pinterest, една од моите омилени апликации.
Не сакам пренатрупани работи, па поради тоа и домот ми е уреден во минималистички стил.
Имам по некое бохо парче и секако најомилен дел ми е белата бохо лулашка во салонот.
На ѕидовите имам закачено парчиња изработени од лим на ЦНЦ машина, а тоа се еленот и Мики во салонот и „Good morning“ знакчето во кујната.