На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации (фото)

„Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на претходниот век - храбра, авангардна, колоритна, апстрактна и експериментална. Ме фасцинираат уникатни декорации, кои некогаш ги создавам сама, па така низ целиот стан имам закачени шарени скулптури“, вели Ангела Стефановска за уредувањето на нејзиниот стан во Скопје за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-angela-stan-od-60m2-vo-kapishtec-so-kujna-vo-pastelno-zelena-boja-i-unikatni-dekoracii-foto-01.jpg

Ангела Стефановска, архитект и дизајнер од Скопје, која моментално работи во фирма за внатрешно уредување и архитектура за САД и има свое студио за рачно изработени дрвени скулптури за на ѕид Anngo, живее во стан од 60m2 во скопската населба Капишец.

Нејзиниот стан има навистина впечатлива кујна во тренди нијанса и е финиширан со уникатни декорации.

За уредувањето на нејзиниот стан Ангела споделува за CRNOBELO.com:

„Станот ми е лоциран на 4-ти кат со јужна ориентација и истиот го делам со мојот партнер и нашиот домашен миленик – куче.

na-gosti-kaj-angela-stan-od-60m2-vo-kapishtec-so-kujna-vo-pastelno-zelena-boja-i-unikatni-dekoracii-foto-02.jpg

Бидејќи работата ми дозволува понекогаш да функционирам „remote“ во домашни услови, па така, често пати домот е и моето работно место, па и работилница во која креирам, бојам сечам и сè останато.

na-gosti-kaj-angela-stan-od-60m2-vo-kapishtec-so-kujna-vo-pastelno-zelena-boja-i-unikatni-dekoracii-foto-14.jpg

na-gosti-kaj-angela-stan-od-60m2-vo-kapishtec-so-kujna-vo-pastelno-zelena-boja-i-unikatni-dekoracii-foto-02.JPG

Хаосот кој го оставам понекогаш зад себе не ми пречи, туку живеам со него.

na-gosti-kaj-angela-stan-od-60m2-vo-kapishtec-so-kujna-vo-pastelno-zelena-boja-i-unikatni-dekoracii-foto-12.jpg

Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на претходниот век – храбра, авангардна, колоритна, апстрактна и експериментална.

na-gosti-kaj-angela-stan-od-60m2-vo-kapishtec-so-kujna-vo-pastelno-zelena-boja-i-unikatni-dekoracii-foto-15.jpg

Ме фасцинираат уникатни декорации (кои некогаш ги создавам сама, па така низ целиот стан имам закачени шарени скулптури), сакам ведри простори кои со својата леснотија зрачат со позитивна енергија и хармонија, разиграност.

na-gosti-kaj-angela-stan-od-60m2-vo-kapishtec-so-kujna-vo-pastelno-zelena-boja-i-unikatni-dekoracii-foto-10.JPG

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg