На гости кај Ивана во САД: Куќа на Македонка oд 550m2, со симпатичен надворешен простор со скара (фото)
Единствена мана е тоа што куќата нема тераси, но затоа дворчето е доволно за утрински кафе муабет.
На горниот кат е собата на Адам. Сиво, син, жолт свет. Во неа секогаш нешто ќе недостасува. Со растењето на Адам, собата ќе се менува и ќе добива нов лик.
Женската соба првично беше наменета за работна соба, но Адам си ја зеде под свое. Сега е мини игротека исполнета со многу смеа и игра.
Спалната, секако како и сè останато, е сведена на минимум. Голем кревет во кафеава боја, неколку фотографии, столни ламби и тоа е сè.
Секоја соба има вградени гардеробери, па изоставени се плакарите кои навистина тука не ни се потребни.
Тоалетите се на ред за доопремување.
Шаренило кај Адам, смирени тонови за нас и мал експеримент со мешање на тапети и бои за гостите. Следно што е на листа е изградба на камин во дневната соба.
Како економист, немам големо познавање во областа на уредување ентериери, но едно знам - за создавање на топол и удобен дом не е потребно ‘школо’. Потребно е многу љубов, слога, почит и разбирање.“