На гости кај Маријана: Модерен минималистички стил на стан од 82m2 во срцето на Скопје, населба Водно

„За кратко време создадовме наше сопствено катче, наречено дом. Во близина на центарот на градот, а сепак доволно оддалечено од градскиот метеж, во срцето на Скопје, населба Водно. Уредувањето ми претставуваше особено задоволство со оглед на тоа што по професија сум aрхитект, па така задачата да создадам свој сопствен стан беше огромен предизвик и посебна за мене" - сподели за CRNOBELO.com, Маријана од Скопје за својот дом, каде што живее со партнерот и нивното милениче. 

na-gosti-kaj-marijana-moderen-minimalisticki-stan-od-82-kvadrati-vo-srceto-na-skopje-naselba-vodno-01.jpg

Маријана Николовска од Скопје, архитект по професија, за CRNOBELO.com ја сподели својата приказна за уредувањето на нејзиното среќно катче - дом, процес кој траел цела една година, почнувајќи од самата идеја, па до конечната реализација.

Околу уредувањето на домот Маријана открива за CRNOBELO.com:

Станот od 82m2 e создаден во модерен стил, во кој преовладуваат сиви тонови со детали од црн метал, дрвени елементи и декорации во боја.

Самиот концепт беше осмислен да биде минималистички, а сепак со доза на елементи кои даваат посебна димензија на целокупниот дом.

За пример може да се земе впечатливото огледало со црна рамка во ходникот и моделот на плишана табуретка кој е во зелена боја со цел да даде посвеж изглед на просторот.

na-gosti-kaj-marijana-moderen-minimalisticki-stan-od-82-kvadrati-vo-srceto-na-skopje-naselba-vodno -02.jpg

Кујната, пак, е со елегантни едноставни линии, каде преовладуваат бели елементи во горниот дел, и сиви тонови во комбинација со црна работна површина.

Вертикалниот зелено-сив столб и стаклената винарија е делот кој додава една луксузна нота во минималистичкиот стил. 

na-gosti-kaj-marijana-moderen-minimalisticki-stan-od-82-kvadrati-vo-srceto-na-skopje-naselba-vodno -03.jpg

Модерниот стил не е изоставен и во тоалетот, каде што се застапени терацо сиви плочки, туш параван со црни метални ивици, дрвениот елемент кај мијалникот. како и симплистичното огледало се само надополнување на целосната слика.

na-gosti-kaj-marijana-moderen-minimalisticki-stan-od-82-kvadrati-vo-srceto-na-skopje-naselba-vodno -04 (1).jpg

Слободното време го поминуваме најчесто во дневниот простор, па затоа обрнав најмногу внимание да делува топло и пријатно.

Претежно доминираат сивите тонови со по некоја декорација во неутрално-земјени бои, а главниот примат го имаат ТВ комодата и сивиот драпер кои создаваат една компактна целина која на крајот ги унифицира сите простории.

na-gosti-kaj-marijana-moderen-minimalisticki-stan-od-82-kvadrati-vo-srceto-na-skopje-naselba-vodno -05.jpg

Просторот во спалната соба е максимално искористен, каде што доминатно место зазема лизгачкиот гардеробер со големо огледало, кој дава посебна димензија на просторот, што ја прави целата просторија многу поголема и посветла, секако надополнета со дрвен надглавник на креветот, зелена боја на ѕидовите која е пријатна за очи и сив фиокар со кожени рачки, што е уникатен сам по себе.

na-gosti-kaj-marijana-moderen-minimalisticki-stan-od-82-kvadrati-vo-srceto-na-skopje-naselba-vodno -06.jpg

Повеќе фотографии од домот на Маријана на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
10 мали локали во Скопје со душа – идеални за утринско кафе или појадок Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно к...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg