На гости кај Маја: Стан од 75m2 во Скопје со впечатлив ѕид од цигли во дневната соба (фото)
- Детали
- сабота, 19 март 2022
„Првично, што сакав е да има цигла на ѕидот во дневниот простор, па по тој декор се водевмe и за останатите простории. Кујната е во рустичен стил, одделна е од другите простории и навистина е голема. Во неа има доволно место за сè.“, раскажува Маја (34) од Скопје, по професија адвокат, за станот во кој живее со сопругот и ќерката Фрида.
Маја (34) од Скопје, по професија адвокат во сопствена адвокатска канцеларија, живее со својот сопруг и со 2 и пол годишната ќерка Фрида во стан од 75m2 во центарот на Скопје.
Таа вели дека го обожава својот стан затоа што има личен печат во уредувањето, плус ја обожава неговата локација која е блиску до сè, а едновремено има многу зеленило и паркинг места.
Нејзината ќерка Фрида е мини модна икона, а на нејзиниот Инстаграм профил редовно споделува фотки од прекрасните модни стајлинзи.
За уредувањето на нејзиниот стан Maja открива за CRNOBELO.com:
„И покрај тоа што за уредување на домот беа задолжени двајца дизајнери на ентериер, јас бев таа која предлагав што сакам и што ми се допаѓа.
Првично, што сакав е да има цигла на ѕидот во дневниот простор, па по тој декор се водевмe и за останатите простории.
Ми се допаѓа што имаме, не така мала, библиотека и издвоен простор каде што можам да читам.
Кујната е во рустичен стил, одделна е од другите простории и навистина е голема. Во неа има доволно место за сè.
Во неколку кујнски елементи се наоѓаат машината за садови, машината за перење на алишта и машината за сушење на алишта.
Детската соба е со сиво-бели тонови, исто така просторна, па мојата ќерка Фрида има место за сите играчки, но и доволен простор за игра.
Таа е мала и искрено немаше уште потреба од големиот кревет во нејзината соба, но јас се заљубив во дизајнот на овој детски кревет и едноставно морав да го имам, од мерак едноставно кажано.