На гости кај Кристина и Ѓоко: Стан во Скопје со „хармоника“ врата и предмети наследени од баба и дедо (фото)

„Отсекогаш знаев дека еден ден кога ќе имам сопствено живеалиште ќе сакам да доминираат ретро елементи. Имаме чајници од баба ми, витрина од дедо му на Ѓоко, како и две уникатни радија кои ги обожаваме и кои ни се подарок од дедо ми. Едното е од 53-та, а другото од 56-та година...“, раскажува Кристина од Скопје, доктор на Клиниката за неврологија, за станот во Скопје, каде живее со сопругот Ѓоко.

na-gosti-kaj-kristina-i-gjoko-stan-vo-skopje-so-harmonika-vrata-i-predmeti-nasledeni-od-baba-i-dedo-foto-01.jpg

Кристина од Скопје, доктор на Клиниката за неврологија, со сопругот Ѓоко живее во стан во Скопје од 64м2.

Во станот доминира дрвото и уникатните винтиџ детали, па токму поради тоа атмосферата има неверојатна топлина.

Интересно е што дел од тие предмети се наследени од нивните баби и дедовци и за нив имаат голема емотивна вредност.

За уредувањето на станот Кристина споделува за CRNOBELO.com:

„Отсекогаш знаев дека еден ден кога ќе имам сопствено живеалиште ќе сакам да доминираат ретро елементи.

na-gosti-kaj-kristina-i-gjoko-stan-vo-skopje-so-harmonika-vrata-i-predmeti-nasledeni-od-baba-i-dedo-foto-09.jpg

Кога го купивме станот, беше стар и мораше да се реновира темелно, но едно нешто во кое што се заљубив на прв поглед беше старата дрвена „хармоника“ врата која одлучв да ја зачувам и мислам дека одлично се вклопи.

na-gosti-kaj-kristina-i-gjoko-stan-vo-skopje-so-harmonika-vrata-i-predmeti-nasledeni-od-baba-i-dedo-foto-17.jpg

Иако, мора да признаам дека до самиот крај бев во неизвесност.

na-gosti-kaj-kristina-i-gjoko-stan-vo-skopje-so-harmonika-vrata-i-predmeti-nasledeni-od-baba-i-dedo-foto-25.jpg

Многу им се радувам на старите чајници и шолјички секојпат кога ќе ги погледнам. Чајниците ми се наследство од баба ми.

na-gosti-kaj-kristina-i-gjoko-stan-vo-skopje-so-harmonika-vrata-i-predmeti-nasledeni-od-baba-i-dedo-foto-31.jpg

Имаме и стара витрина која планираме да ја освежиме во некоја друга боја во иднина. Таа пак ни е подарок од дедо му на Ѓоко.

na-gosti-kaj-kristina-i-gjoko-stan-vo-skopje-so-harmonika-vrata-i-predmeti-nasledeni-od-baba-i-dedo-foto-21.jpg

na-gosti-kaj-kristina-i-gjoko-stan-vo-skopje-so-harmonika-vrata-i-predmeti-nasledeni-od-baba-i-dedo-foto-16.jpg

Кога го биравме мебелот за дневната соба, сè што ни се допаѓаше беше нијанса на боја на орев, па моравме малку да го освежиме просторот со жолтата гарнитура.

na-gosti-kaj-kristina-i-gjoko-stan-vo-skopje-so-harmonika-vrata-i-predmeti-nasledeni-od-baba-i-dedo-foto-06.jpg

na-gosti-kaj-kristina-i-gjoko-stan-vo-skopje-so-harmonika-vrata-i-predmeti-nasledeni-od-baba-i-dedo-foto-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Винтиџ кафуле во Скопје, со грамофон и телефонска говорница, ја враќа магијата на минатото (фото) Место за сите романтичари кои чувствуваат носталгија за минатото, место каде има...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg