На гости кај Моника: Стан во Капиштец со дневна соба со винтиџ парчиња и уникатни детали (фото)
- Детали
- сабота, 05 февруари 2022
„Јас не го преферирам модерното во уредувањето на домот, не сум модерна девојка, во мене тлее стара душа, ги ценам работите и луѓето според тоа колку душа носат во себе, па тоа се отсликува и во стилот на мојот дом“, вели Моника Каранфилоска (29) за нејзиниот дом, за кој вели дека е во најубавата зграда во Капиштец.
Моника Каранфилоска (29), која држи часови по англиски јазик, живее сама во стан во Капиштец, во чие уредување секој детаљ ѝ е внимателно избран и со многу љубов.
Особено внимание има посветено на дневната соба, па со нас споделува детали токму од уредувањето на оваа просторија.
За уникатното уредување во нејзиниот дом Моника открива за CRNOBELO.com:
„Живеам во стан во Капиштец во зграда, која јас си ја нарекувам најубава затоа што сите соседи сме една голема фамилија, па секое излегување ме пратат насмевки и поздрави.
Претходно живеев со моите родители и брат, но сега сум сама. Не можев да замислам да се отселам бидејќи најдраги ми се спомените во овој дом.
Јас не го преферирам модерното во уредувањето на домот, не сум модерна девојка, во мене тлее стара душа, ги ценам работите и луѓето според тоа колку душа носат во себе, па тоа се отсликува и во стилот на мојот дом.
Стилот е скандинавски измешан со винтиџ парчиња, неизбежни се крзненцата и леопардските принтови.