На гости кај Маја: Совршено уредена детска соба во земјени тонови во куќа во Скопје (фото)
- Детали
- сабота, 29 јануари 2022
„Сакав во поголемиот дел од собата да преовладуваат неутрални, светли бои и тонови, затоа што многу полесно претрпуваат промени. Дрвените елементи ми се омилените детали во собата на Калин“, раскажува Маја за CRNOBELO.com.
Маја Настевска (25) живее заедно со сопругот Андреј и синчето Калин во куќа во Козле.
Собата на Калин е преплет од соба на новороденче и соба за тодлер и изгледа прекрасно.
Обоена е во земјени тонови и има низа внимателно избрани детали.
За CRNOBELO.com Маја открива детали за уредувањето на детската соба:
„При почетното уредување, она што ми беше прва реализирана замисла е собата да има креветче, плакар и удобна фотелја за доење.
Потоа, дополнувавме со сè она што е потребно и неопходно, како на пример подлогата за пресоблекување, која со сигурност ми е убедливо едно од најискористените нешта.
Подлогата во долниот дел има организер кој ми ја зголемува функционалноста и ми го олеснува секојдневието со дневните рутини на Калин.
Сите елементи спонтано доаѓаа еден по друг за да формираат една мала детска сложувалка за којашто мислам дека речиси успеавме да ја сложиме.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





