На гости кај Кристина: Поткровје во Скопје со уметничко катче и „направи сам“ проекти со ограничен буџет (фото)

Нема поубаво чувство кога ќе му го вратиш сјајот на нешто што одамна го има изгубено.

na-gosti-kaj-kristina-potkrovje-od-kukja-so-restavrirani-parchinja-mebel-i-umetnichka-galerija-foto-09.jpg

Сите кутии во кујната за чување на намирници, како и вазните за цвеќе се едноставни тегли од еурокрем (кои Коста со задоволство ги „произведува“) со тантела, кои многу си ги сакам како и криглите за пиво.

na-gosti-kaj-kristina-potkrovje-od-kukja-so-restavrirani-parchinja-mebel-i-umetnichka-galerija-foto-22.jpg

Изборот на боја не беше воопшто прашање на избор, веднаш знаев дека ќе биде бело, дали поради мојата професија, дали поради тоа што брзо ми здосадуваат боите, па ќе морам да менувам сè ако е во друга боја.

na-gosti-kaj-kristina-potkrovje-od-kukja-so-restavrirani-parchinja-mebel-i-umetnichka-galerija-foto-15.jpg

Белата боја ми е основа со колоритни детали, кои често ги менувам зависно од расположението и годишното време.

na-gosti-kaj-kristina-potkrovje-od-kukja-so-restavrirani-parchinja-mebel-i-umetnichka-galerija-foto-27.jpg

Салонските цвеќиња во зелена боја се одличен контраст на белата боја и благодарејќи на светлината, која доаѓа од таванските прозорци, виреат многу добро и го прочистуваат воздухот.

na-gosti-kaj-kristina-potkrovje-od-kukja-so-restavrirani-parchinja-mebel-i-umetnichka-galerija-foto-05.jpg

Имам голема фамилија и голем број на пријатели кои често ми доаѓаат на гости, па сакав да има разни катчиња за седење за секој, во зависност од расположението и желбата.

Најинтересно е тоа што кога уредувате со стари предмети секој кога ќе дојде си препознава по некој свој стар предмет и навираат сеќавања кој биле заборавени, на мајка, на татко, на тетка, на баба и така се развива по некоја дискусија за настан, чувство. Убаво е!

na-gosti-kaj-kristina-potkrovje-od-kukja-so-restavrirani-parchinja-mebel-i-umetnichka-galerija-foto-12.jpg

Омилен дел ми е галеријата, каде што морав да интервенирам да стават прозорец бидејќи од таванските прозори ги гледате небото, ѕвездите и месечината, но не го гледате зеленилото од дворот, па морав и тоа да го имам.

na-gosti-kaj-kristina-potkrovje-od-kukja-so-restavrirani-parchinja-mebel-i-umetnichka-galerija-foto-11.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Александра: Празнично украсен стан во Скопје, во кој е накитено дури и во кујната (фото... „Традиционално, украсувањето во мојот дом започнува од нејзиното височество - ел...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg