На гости кај Кристина: Поткровје во Скопје со уметничко катче и „направи сам“ проекти со ограничен буџет (фото)
Таму пијам кафе, читам, пишувам, разговараме со синот, тоа е место каде ми доаѓаат најмногу идеи, донесувам одлуки и имам најголема инспирација.
Второ омилено место ми е чардак терасата, која беше инспирирана од чардакот во куќата во која е родена мајка ми во Ново Маало и приказните кои ги имам слушано од нејзе. Пред терасата има три прекрасни брези (симболика за трите деца на моите родители – брат ми, сестра ми и јас) кои даваат чувство дека сте во куќичка на дрво.
Ах, да не го заборавам оџакот кој поминува во дневната за кој се борев со мајсторите да не го покријат со гипс зашто „циглите не биле убави“. Него го обожавам и можеби некогаш тука ќе има камин.
Од предметите кои се мое дело најомилено ми е огледалото кое го направив од гобленот на тетка ми и фотелјите кои беа црни со окер боја, кои мислам дека сите ги имавме, а станаа голем тренд последниве години.
Секогаш добивам нови идеи за декорирање, но ги спроведувам дел по дел за да убавината ми трае подолго.
Понекогаш кога ќе си дојдам дома имам желба да си ја гушнам домата.
Домот освен што е место каде што најдобро се чувствуваме, тоа претставува идеален одраз на оние кои живеат во него, на нивните размисли, карактери, емоции.“
Повеќе фотки од домот на Кристина:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело