Зимска идила: Празнична магија во комплекс со спектакуларен поглед на Охридското Езеро (фото)
- Детали
- четврток, 02 декември 2021
Обожаваме кога имаме божиќна бајка на дофат на рака, без да мораме да патуваме илјадници километри до некоја дестинација надвор од нашата држава. Сте го посетиле ли овој локал во близина на Охрид?
Посебно место во срцето кај нас имаат локалите во нашата држава кои вложуваат многу време, љубов и труд во новогодишното украсување.
Даваат некоја магична атмосфера, ни приредуваат божиќна бајка, на дофат на рака, без да мораме да патуваме илјадници километри до некоја дестинација надвор од нашата држава.
Токму таков е комплексот Минами во село Горно Коњско, во близина на Охрид, во националниот парк Галичица на 1.100 метри надморска височина, со неверојатен поглед на Охридското Езеро.
Традиционално во овој период целиот е украсен со сијалички, дедо мразовци, снешковци и разни други украси, а сето тоа надополнето со снегот кој падна деновиве е вистинска зимска идила.
Повеќе фотки за да ја почувствувате празничната магија:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело