Кафуле во Старата скопска чаршија е како сцена од грчките острови (фото)
- Детали
- вторник, 30 ноември 2021
Во деновите кога ви недостига море, овој сино-бел локал во Старата скопска чаршија ќе ве потсети на магичните мали грчки селца... Калдрма, розово цвеќе, сини прозорци и совршени кадри за фотки.
Старата скопска чаршија е преполна со уникатни локали, а меѓу нив е и локалот „Mon Frère“, кој изгледа како сцена од грчките острови. Бело-сини прозорци, масички и столчиња, надополнето со розово цвеќе, едноставно прекрасно.
На многумина овој локал им е едно од омилените места за сликање во чаршијата.
Плус, некои од пијалаците се во совршена сина нијанса, едноставно сè е во тон.
Фотки од уникатниот локал, кој за миг ќе ви даде чувство дека сте на некое приморско место:
https://www.instagram.com/p/CQMBjBplBMw/
https://www.instagram.com/p/CGX05vgMDjf/
https://www.instagram.com/p/CW1D18UsJRg/
https://www.instagram.com/p/CP0ieIcLjLr/
https://www.instagram.com/p/CFhpcZrsdN1/