„Најдоброто парче торта го вкусив во култниот хотел Москва во Белград“ (фото)
- Детали
- петок, 12 ноември 2021
„Мммм, само кога ќе се сетам на нотите од клавирот во комбинација со совршените француски вина и десерти – хотел „Москва“ за мене има посебна магија... Сте го посетиле ли ова култно место во Белград?“
фото: Инстаграм хотел „Москва“
Белград е секогаш добра идеја, зарем не?
Си има некоја посебна магија српската престолнина. Има убава енергија, динамика, прекрасен народ, забавни случувања, култни места...
Едно од моите омилени места таму е легендарниот хотел „Москва“. Архитектура која говори за едни минати времиња, чувство на раскош, уживање со класична музика, француски вина и десерти.
Таму го вкусив најубавото парче торта и посетата на ова легендарно место ми е традиција секојпат кога го посетувам Белград.
Сте го посетиле ли и вие ова место кое му одолева на духот на модерното време?
Ајде на миг преку фотографии да отпатуваме таму: