На гости кај Вики Чадиковска: Дворче за душа - цветна оаза со спектакуларен поглед на Скопје (фото)
Мирот, чистиот воздух и спокојот кој го нуди нашата мала оаза се вистински спас за нас.
Кај нас, јас сум одговорна за цвеќињата, а дефинитвно сум нивен вљубеник, што лесно и може да се забележи. Внимателно ги негувам, радувајќи им се на цветовите и нивниот раст.
Голем обожавател сум на орхидеи, ги имам над 30. Дел од нив, ги размножив и сама. Ги сакам и хортензиите, хибискусот и бугенвелијата, кои навистина изгледаат волшебно.
Мандарините за кои бев резервирана дали ќе успеат во дворот, и минатата, а и оваа година, беа полни со плодови, што дополнително ме израдува. Цитрусните растенија ќе бидат мојот следен предизвик во дворот.
Одржувањето на зеленилото, тревата и другите грмушки во дворот, им припаѓа на сопругот и синот. Уживањето во целиот двор, ни припаѓа на сите.
Погледот од прозорец во секој период од годината е спектакуларен, но особено во зима со снег и во комбинација со орхидеите е вистинска сцена од бајка.“
Повеќе за S Plus потрошувачкиот кредит на Шпаркасе Банка и условите може да прочитате ТУКА.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело