На гости кај Марина Дојчиновска: Совршена тераса во село Гари, со поглед сè до Лазарополе (фото)

„Најголемо задоволство ми е да седам на терасата од нашата семејна куќа во Гари и да се релаксирам со звуците на бучната, планинска, дива Гарска река и да уживам во погледот на прекрасната природа, кој се протега сè до Лазарополе“, вели Марина Дојчиновски, која живее во Скопје, но Гари го носи во срцето.

na-gosti-kaj-marina-dojchinovska-terasa-so-sovrshen-pogled-vo-semejna-kukja-vo-seloto-gari-foto-01.jpg

Марина Дојчиновска, авторка на култната емисија Македониум и директорка на приватна компанија, води потекло од мијачкото село Гари.

За таму ја врзуваат најубави спомени и иако и татко и таа живееле во Скопје, вели дека Гари отсекогаш ѝ е во срцето и секој слободен миг го користи за да го посети.

na-gosti-kaj-marina-dojchinovska-terasa-so-sovrshen-pogled-vo-semejna-kukja-vo-seloto-gari-foto-03.jpg

За семејната куќа, како и градењето на нова, но и за терасата со совршен поглед Марина открива за CRNOBELO.com:

„Гари за мене претставува многу нешта, има различни аспектирања во мојата духовна вертикала и единствено таму можам да допрам до најдлабоките корени на семејното стебло на Дојчиновски, кои имаат своја историја и свој траг за генерациското постоење на истото место.

na-gosti-kaj-marina-dojchinovska-terasa-so-sovrshen-pogled-vo-semejna-kukja-vo-seloto-gari-foto-02.jpg

Гари е за мене и татко ми Блаже и дедо ми Триме и прадедовците Јован, Марко и Петре Гарката - чија уметност и денес можете да ја видите и допрете во резбите по македонските манастири, вистинско богатство.

na-gosti-kaj-marina-dojchinovska-terasa-so-sovrshen-pogled-vo-semejna-kukja-vo-seloto-gari-foto-07.jpg

Јас и сестра ми Соња, како и моите братучеди Дојчиновски со гордост и пиетет ја одржуваме нашата стара убавица – семејната куќа стара точно еден век, во која се родил и татко ми. Таа стамена куќа со сите мијачки обележја, останува и понатаму да нè пречекува секое лето и секој слободен викенд.

na-gosti-kaj-marina-dojchinovska-terasa-so-sovrshen-pogled-vo-semejna-kukja-vo-seloto-gari-foto-30.jpg

Но, време беше по 100 години и за нова куќа.

na-gosti-kaj-marina-dojchinovska-terasa-so-sovrshen-pogled-vo-semejna-kukja-vo-seloto-gari-foto-23.jpg

Дојде време да размислиме дали ние можеме да оставиме свој траг во тој генерациски мозаик, за поколенијата што следат и остануваат понатаму.

na-gosti-kaj-marina-dojchinovska-terasa-so-sovrshen-pogled-vo-semejna-kukja-vo-seloto-gari-foto-25.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...
На гости кај Александра: Празнично украсен стан во Скопје, во кој е накитено дури и во кујната (фото... „Традиционално, украсувањето во мојот дом започнува од нејзиното височество - ел...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg