На гости кај Марина Дојчиновска: Совршена тераса во село Гари, со поглед сè до Лазарополе (фото)
Во Гари во минатото, за градење нови куќи важела математиката ЕДЕН КАМЕН-ЕДЕН АЛТАН...
Поентата важи и денес, зошто вие навистина плаќате многу повеќе заради непристапноста, оддалеченоста од поголемите градови, а проблемот со мајстори во тој крај е многу добро познат на сите што градат.
Затоа по завршувањето на фасадата, редно е да ги претставам и моите мајстори - браќата Аџија и Беким Фазлиоски од село Могорче.
Терасата на нашата нова куќа ми е посебно омилена, со поглед кон прекрасната природа неколку километри во далечина, сè до Лазарополе.
Можам со часови да седам таму и да не правам ништо – само упатуваш поглед во далечина, гледаш преку планините и се препушташ на фрекфенциите што регенерираат, на звуците на бучната, планинска, дива Гарска река.
Гари го обожаваат и моите миленици, односно милениците на семејството малтезерите Зои и Бел, а и нашата Маца. Тие во Гари ги уживаат своите најубави денови. Речиси цело лето се таму и веќе одбраа и свои омилени позиции на терасата. Дури сами си го знаат и патот од новата до старата куќа и обратно и слободата на движење во природа ја корисат до последниот топол ден од есента.“