Наликува на замок, а ја „преживеала“ и Втората светска војна – Најубавата млекарница во светот (фото)
- Детали
- петок, 17 септември 2021
Кога ги гледате фотографиите од „Pfunds Molkerei“, млекарницата од Дрезден што е прогласена за најубава млекарница во светот, претпоставувате дека глеате фотографии од некој раскошен замок.
Околу 500.000 туристи годишно одат во Дрезден да го посетат овој објект што му пркоси на времето.
Млекарницата била основана во 1880-тата година, а целиот објект е декориран со рачно насликани керамички плочки во неоренесансен стил, изработени од локалните уметници.
„Pfunds“ истовремено станала и првиот производител на кондензирано млеко во Германија, а исто така млекарницата произведува и млечен сапун и млечна формула за бебиња, а ова била и првата млекарница што вовела пастеризација на млекото во 1900-тата година.
Основачот на млекарницата Пол Густав и неговиот брат создале мошне добар бизнис, така што отвориле повеќе продавници од истиот бренд за производство на млеко, осигурителна компанија, станбена зграда за вработените во компанијата со базен и детска градинка.
Кога Пол починал во 1923-тата година, бизнисот го преземале неговите деца, а за чудо овој објект успеал да ја преживее Втората светска војна и масовното уништување на Дрезден.
Денес, млекарницата е реставрирана во стариот сјај, а посетителите повторно може да купат некое од познатите сирења на овој бренд или да се почестат со чаша млеко.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело