Во домот на Мартин: Уникатен стан со кровна градина во Градски ѕид во Скопје (фото)
Интересно е што станот се наоѓа во централно градско подрачје поточно во Градски ѕид и на моја среќа се погоди да има заеднички простор помеѓу зградите, каде јас во корелација со соседите тој простор го претворив во една кровна градина, па така добив двор среде центар.
Уште еден детаљ за мене бидејќи многу сакам музика и сакам да пеам, а нели пеење под туш е интересна појава меѓу луѓето така испроектирав музиката од станот да се пренесува преку звучник на плафонот и во комбинација со „rainshower“ кој паѓа од таванот е идеално место за „концерти на дожд“.
Во кујната ставив отворени полици и многу растенија.
Спалната ја направив уникатна и во мој стил со впечатливи детали.