На гости кај Ивана од Битола: Стан од 63m2 со доминација на сивата боја и жолти детали (фото)
Многу сакам да менувам па често пати прераспоредувам. Сакам кога секое ќоше има своја приказна.
Сѐ уште имаме доста работи кои ни недостасуваат во дневниот престој, кои ги ставивме на пауза поради пандемијата, како што се избор на соодветен тепих и уметнички слики кои ќе го дадат завршниот збор во целокупниот изглед.
Ходникот е максимално искористен со вграден мултифункционален плакар од под до плафон кој ги собира сите работи кои се потребни во едно домаќинство и придонесува сѐ да изгледа уредно и чисто.
Просторот во спалната исто така е максимално искористен со голем лизгачки плакар, фиокар и брачен кревет по мерка со простор за складирање.
Бањата е мала по квадратура, но доволно ни беше да има стандардна туш кабина, комода под мијалникот и шкафче со огледало кое ќе ја собере потребната козметика.
Омилено катче ни е нашата тераса која ја уредивме во медитерански стил кој нѐ навраќа на нашите прекрасно поминати летни одмори.“