На гости кај Катерина: Драстична трансформација на семејна куќа во Скопје (фото)
- Детали
- сабота, 10 април 2021
Катерина Павловска (30) комплетно ја реновирала куќата во која израснала и сега таму живее со својот свршеник. Таа ни го прикажува процесот пред и потоа...
Катерина Павловска (30), по професија маркетинг менаџер, родена е во Хамбург, Германија, а живее во семејна куќа во Скопје.
Живее во куќата во која израснала со нејзиното семејство, но од пред неколку години во неа живее сама со својот свршеник и нивното маче Мици.
Катерина ужива во уредувањето и реновирањето на домот, а тоа се гледа и од крајниот резултат.
За уредувањето на нејзиниот дом Катерина открива за CRNOBELO.com…
„Дарбата и страста за декорирање ги имам дефинитивно наследено од мајка ми, а инспирацијата ја добивам од декор страни на Инстаграм и од Пинтересет.
Не ја сакам монотонијата и токму поради тоа избрав впечатлива боја како главен детаљ во мојот дом. Цикламата, која воедно е и мојата омилена боја, е боја на самодоверба и енергичност.