Во домот на Бети Алексовска во Швајцарија: Модерна семејна куќа од 240m2 со градина со џакузи (фото)
- Детали
- сабота, 03 април 2021
Бети е 49-годишна Македонка која живее во малото прекрасно место Вилдерсвил во Швајцарија, а за уредувањето на нејзиниот дом вели дека секој агол, секој дел од нејзината куќа има и дел од неа и нејзината креативност.
Бети Алексовска (49) е сопруга и мајка на три прекрасни деца, за кои вели дека за неа засекогаш ќе останат деца, иако нејзините две ќерки и синот веќе се возрасни личности кои се остварени во секоја смисла на зборот со свои животни избори и професија.
Инаку, Бети по професија е медицинско лице и живее во куќа на 3 ката во централна Швајцарија, поточно во едно прекрасно мало место Вилдерсвил на 3 километри од Интерлакен, најпосетуваното гратче со живописна природа во Швајцарија.
За уредувањето на нејзиниот дом таа открива за CRNOBELO.com...
„Нашиот семеен дом е куќа на 3 ката од 240м2 и има градина од 100м2, а секој агол од него е уреден со многу љубов и внимание.
На градината ѝ се посветувам со иста љубов во уредувањето, како што правам и во домот.
Идеите и љубовта за уредување отсекогаш постоеле кај мене. Едноставно уживам да го правам тоа.
Секој агол, секој дел од мојата куќа има и дел од мене и мојата креативност.
Тоа го правам како јас се чувствувам во моментот и ми прави задоволство и затоа често правам промени кога ќе ми здодее.