Во домот на Ана Ристова: Хармонично уредена семејна куќа во Охрид со златни и мермерни детали
Највпечатливи во дизајнот се златните и мермер детали, кои даваат посебен изглед на просториите. А исто така, и галериите со слики, кои ми се планирани на уште неколку места.
Повеќето елементи ни се изработени по нарачка, за да можат најубаво да се вклопат во просторот, а омилено катче ми е собата гардеробер – воедно и една од просториите која беше уредена прва.
Во спалната соба се одлучивме за „rose gold“ (розово злато) детали, а најважно ни беше креветот да биде голем, па затоа се изработи по наша мерка.
Во трпезаријата пак, најважно ми беше масата да биде стаклена затоа што дава посебно убав изглед.
Спратот не е целосно среден, сѐ уште сме во процес на средување, па ќе уживам во тој дел уште некое време.“