Во домот на Ана Ристова: Хармонично уредена семејна куќа во Охрид со златни и мермерни детали
- Детали
- сабота, 20 февруари 2021
„Повеќето елементи ни се изработени по нарачка, за да можат најубаво да се вклопат во просторот, а омилено катче ми е собата гардеробер – воедно и една од просториите што беше уредена прва“, вели 28-годишната Ана од Охрид.
Ана Билбилоска Ристова (28), е магистер по економски науки, а работи како дигитален маркетер, контент креатор, а воедно води и свој бренд на облека Style With Ana Collection.
Живее во Охрид, а за уредувањето на нејзиниот одлично уреден дом открива за CRNOBELO.com:
„Спратот од нашата куќа (околу 100 м2) во Охрид започнавме да го уредуваме пред нецела година.
Уште пред да започнам со уредување, јас имав идеја за тоа како сакам да изгледа спратот, а во целосната реализација ми помогна мојата дизајнерка, која воедно ми даде и многу нови идеи.
Сакав да доминира белата, крем и светло сива боја, а во трпезаријата ја вметнавме розовата бојата.
Најголема инспирација за уредувањето ми беше Pinterest – една од апликациите која најмногу ја користам и која нуди премногу идеи.
Внатрешниот дизајн е нешто во што уживам и целото уредување не ми претставува никаков проблем.