Магичен, целосно снежен хотел во Канада - направен е од 40.000 тони снег и мраз (фото)

Хотел во Канада направен од 40.000 тони снег и мраз, има 21 соба, бар од мраз, скулптури од мраз, па дури и капела за венчање – изгледа како од бајките, а чини 400 долари од ноќ.

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto-1.jpg

Hôtel de Glace се наоѓа во Квебек, Канада и е вистинска идила за љубителите на снег и зима.

Хотелот е направен од 40.000 тони снег и мраз, има 21 соба со рачни изработки од мраз, бар, просторија за релаксирање со кади за топла купка и сауна под ѕвездите, а дури има и ледена капела за венчање, за оние кои сакаат да направат свадба како од бајките.

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto-02.jpg

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto-03.jpg

Гостите во хотелот се чувствуваат како да се дел од Frozen, но за тоа магично искуство цените почнуваат од 400 долари за една ноќ.

Насекаде има скулптури од мраз, а барот, масите, креветите и садовите се исто така направени од мраз.

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto-04.jpg

Секоја година хотелот се гради одново, со нова тема и декорации, а градењето почнува во декември.

Повеќе фотки од хотелот:

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto05.jpg

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto06.jpg

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto07.jpg

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto08.jpg

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto09.jpg

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto10.jpg

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto11.jpg

magichen-celosno-snezhen-hotel-vo-kanada-napraven-e-od-40-000-toni-sneg-i-mraz-foto12.jpg

М. М. | Црнобело / фото: Hôtel de Glace

Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
Винтиџ кафуле во Скопје, со грамофон и телефонска говорница, ја враќа магијата на минатото (фото) Место за сите романтичари кои чувствуваат носталгија за минатото, место каде има...
Џенифер Гарнер го покажа домот каде што Бен Афлек „се криеше“ пред разводот со Лопез - оаза од 8 мил... Гарнер ја изгради куќата во Лос Анџелес по разводот со Афлек пред 6 години - ток...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg