На гости кај Сандра Малетски во Софија: Дом на Македонка кој плени со софистицираните детали (фото)
- Детали
- сабота, 21 ноември 2020
Во домот на Сандра (31) има совршена комбинација од светлина и естетика, уреден е во минималистички стил кој е комбинација од модерен прованс и скандинавски стил, со топли и светли тонови.
Сандра Малетски има 31 година, по професија е дипломиран педагог - магистер по менаџмент на човечки ресурси, сопруга на Станислав и мајка на 3-годишната ќерка Миа.
Таа веќе 3 години со своето семејство живее во Софија
Во нејзиниот дом преовладуваат светли бои и сѐ во совршена хармонија.
Таа за CRNOBELO открива од каде ѝ е идејата за уредувањето:
„Идејата за уредувањето на ентериерот во станот беше заедничка - моја и на сопругот и беше успешно реализирана од страна на дизајнери за внатрешно уредување со кои што соработувавме.
Тие во целост ги реализираа нашите желби и визии за топол дом.
Во нашиот дом преовладува минималистички стил кој е комбинација од модерен прованс и скандинавски стил, со топли и светли тонови.
Најомилено место во домот ми е кујната која што буквално ми е „dream come true“.
Омилени детали во домот ми се ѕидните фотографии од нашите заеднички патувања.