На гости кај Катерина од Скопје: Совршено уреден стан со бохо детали (фото)
- Детали
- сабота, 07 ноември 2020
„Омилено катче од домот ми е спалната соба во која има прекрасен детаљ што ја прави посебна, а најмногу прашања добивам за уредувањето на кујната“, открива 31-годишната Катерина од Скопје.
Катерина Љамова Богоевска (31) по професија е финансиски аналитичар, а омилено хоби ѝ е уредувањето на нејзиниот дом.
Живее со сопругот, синчето Матео и мачорот Локи, а наскоро очекуваат уште еден член на семејството. Матео ќе добие братче или сестриче.
Со неа проговоривме околу уредувањето на нејзиниот дом:
„Идејата за овој стил на уредување на ентериерот ми е уште од пред некое време кога живеевме во друг стан, кој беше сосема различен од овој.
За разлика од претходниот стан, овој изобилува со топли бои, бохо детали, многу природно дрво, мермер, високи лајсни и генерално земјени тонови.
Во последно време повторно е многу модерен бамбусот во ентериерите, како и во сè друго и во дизајнот на ентериер модата се враќа, па за тоа можам да кажам дека омилени детали ми се бамбусовото огледало и бамбусовите столчиња.
Терасата е исто така уредена со бамбусова гарнитура, но неа повеќе ќе ја сликам во лето. Освен бамбусовите парчиња омилени детали ми се теписите во дневна и трпезарија кои се во бохо стил и се едно од нештата за кои најчесто добивам прашања покрај мермерните маси.
Омилено катче од домот ми е спалната соба во која има прекрасен детаљ што ја прави посебна. Тоа е пастелен полукруг над креветот и огледалца во форма на месечини кои ги претставуваат фазите на месечината.