На гости кај Андреја Коцева: Стан во Скопје во кој фокусот е на жолтите детали (фото)
- Детали
- сабота, 26 септември 2020
„Во секоја просторија е поставен по некој детаљ во жолта и темно сина боја со цел да се разигра амбиентот и да се избегне монохроматски впечаток“, вели 29-годишната Андреја за уредувањето на нејзиниот дом.
Андреја Коцева има 29 години, живее и работи во Скопје. По професија е медицинска сестра во училиште за деца со оштетен вид.
Во нејзиниот дом фокусот е на жолтите детали.
Таа за CRNOBELO.com открива од каде идејата за уредувањето:
„Идејата за уредување на домот ја црпев од скандинавските профили на Инстаграм и Пинтерест.
Често знам да преуредувам во домот и тоа ме прави среќна и се чувствувам убаво и исполнето.
Кога станува збор за уредувањето на домот сакам да биде уреден по вкус и идеи заедно со сите членови на семејството. Домот треба да нè претставува нас.
Обожавам да избирам парчиња мебел, детали, украси, да бирам бои итн.
Станува збор за нетипичен скандинавски стил на уредување. Големо внимание е посветено и на сите украси што има значајна функција во создавањето на домашниот амбиент, а домашната библиотека која е пред скриената врата е уште еден сегмент што го надополнува впечатокот.
Просторот е отворен и светол благодарение на големите прозорци и високиот плафон.