Урбана оаза исполнета со зеленило – IKEA откри како изгледа „Домот на иднината“ (фото)
- Детали
- вторник, 30 јуни 2020
Од IKEA направија навистина интересен проект со кој ни претставија еколошки и свеж дизајн за нашите домови. Проектот е наречен Home of tomorrow (домот на иднината), и целта е со овој дизајн да научиме како да живееме поодржлив живот, притоа правејќи помалку отпад.
Тимот кој стои зад проектот ги уредил просториите на градба стара 120 години, во Полска.
Домот на IKEA е исполнет со над 600 растенија, а дизајнерите кои работеле на проектот црпеле инспирација од истражување спроведено од продавницата, според кое до 2050-та, 70% од населението ќе живее во градови.
Дизајнерите посакале да им овозможат на луѓето кои живеат во градови да останат во допир со природата.
https://www.instagram.com/p/CBkV-5gnN1h/
Домот е поделен на неколку делови, а има и работилница каде што луѓето можат да научат како да ја поправаат покуќнината. На овој начин, тие ќе го рециклираат мебелот, наместо да купуваат нов и да создаваат отпад.
https://www.instagram.com/p/CBsdtPml7DH/
Во домот има и посебен дел каде што вработените ќе им покажуваат на посетителите како да ја направат нивната кујна поеколошка и како да приготвуваат храна правејќи помалку отпад.
Дневната соба, односно просторот за релаксација е осветлен со инсталација што имитира сончева светлина и што има позитивно влијание врз расположението и енергијата на луѓето.
https://www.instagram.com/p/CBkw1B0ne9C/
Просториите во Полска ќе бидат отворени за јавноста на почетокот на следната година, а дотогаш уживајте од фотографиите од овој уникатен дом:
Спирова С. | Црнобело