Стилски уредени простории што ќе ве натераат да додадете елементи со златна боја во домот
- Детали
- четврток, 18 јуни 2020
Златната е прекрасна боја и ако знаете како да ја комбинирате, без разлика дали на облека или во просторот, можете да создадете навистина елегантен и гламурозен ефект.
Златните елементи во домот лесно го привлекуваат вниманието и можат да ја освежат секоја просторија. Понекогаш може да биде тешко да ја комбинирате оваа боја во домот, бидејќи ако претерате, собата може да изгледа „кич“.
Што значи, важно е да направите рамнотежа и ако имате златни елементи во домот, другите предмети најдобро е да бидат со нежни бои или неутрални тонови.
Златните елемeнти добро се вклопуваат и во ентериер со потемни бои, но ќе треба да избирате повнимателно.
Ако сакате да ја внесете оваа боја во домот, можете да одберете златни лустери, полици, рамки за слики, перници и мали украси. За повпечатлив и полуксузен ентериер можете да одберете поголеми предмети со златна боја, како масичка или некој поголем украс.
Во продолжение погледнете неколку стилски уредени простории со златни елементи:
Спирова С. | Црнобело